Помпео во Ријад ја започна турнејата на Блискиот исток

Новиот американски државен секретар, Мајк Помпео, во саботата пристигна во посета во посета на Саудиска Арабија, продолжувајќи ја турнејата започната во петокот во петокот во седиштето на НАТО во Брисел, само неколку часа откако од сенаторите беше потврден на должноста.

Целта на посетата на Ријад, Ерусалим и Аман е јакнењето на односите со овие значајни американски сојузници на Блискиот исток, изјави претставник на Стејт департментот.

На аеродромот во Ријад, Помпео бил дочекан од саудискиот министер за надворешни работи Абдел ал-Џубеир. Најавени се средби и со саудискиот престолонаследник Махамед бин Салман и со кралот Салман.

Помпео пред заминувањето за Ријад изјави дека една од темите на разговорите ќе биде судбината на меѓународниот договор со Иран за неговата нуклеарна програма. Американскиот претседател Доналд Трамп се заканува дека ќе воведе нови санкции против Иран и ќе ги повлече САД од договорот на кој се потписници шесте светски сили, доколку неговите европски сојузници потписници – Велика Британија, Франција и Германија не се согласат договорот да биде изменет.

Меѓутоа, Техеран е решителен дека доколку биде изменет договорот ќе продолжи со своите нуклеарни амбиции, а ниту Москва и Кина не се расположени за изменување на договорот од јули 2015 година потпишан во Виена.

Зборувајќи по состанокот на министрите за надворешни работи на земјите членки на НАТО во петокот во Брисел, Помпео рече дека Трамп сѐ уште не решил дали ќе се повлече од споменатиот договор, а тоа треба да го стори до 12-ти мај, но дека веројатно ќе го направи тоа доколку договорот не биде изменет.

„Одлуката не е донесена, тимот работи и сигурен сум дека многу ќе разговараме за да го пренесеме она што претседателот јасно го кажа“, рече шефот на американската дипломатија.

Францускиот претседател Емануел Макрон побара на почетокот од седмицава во Вашингтон од Трамп да не се повлекува од договорот со Интер, но подоцна рече дека смета дека американскиот челник ќе го направи тоа, бидејќи многу долго му се противи. Со истата цел Вашингтон веднаш по Макрон го посети и германската канцеларка Ангела Меркел, но и таа се чини немаше успех.

Администрацијата на Трамп, исто така, ја преиспитува и американската улога во Сирија, наводно во борбата против џихадистичката Исламска држава, за која САД тврдат дека е целосно поразена. Трамп, најавувајќи можно повлекување на американските сили од оваа блискоисточна земја, побара од сојузниците во регионот да обезбедат пари и војници за „стабилизација на областите (во Сирија)“ кои некогаш ги контролирала Исламската држава а сега се во рацете на сунитските бунтовници кои ги поддржуваат САД и сојузниците. Тоа дефакто би било поделба на Сирија, бидејќи остатокот од територијата го заземаа силите на владата во Дамаск, која е поддржана од Русија и Иран.