Помпео во Рим бараше зголемување на трошоците за одбраната

e

Американскиот државен секретар Мајк Помпео во текот на неговата посета во Рим во вторникот се сретна со италијанскиот претседател Серџо Матарела и премиерот Џузепе Конете и ги повика Италија да ги зголеми одбранбените расходи, се истакнува во соопштението од средата на шефицата на службата за односи со јавноста на Стејт департментот, Морган Ортегус.

„Државниот секретар ја истакна нашата заедничка приврзаност на НАТО и ја повика Италија заедно со сите сојузници во Алијансата, да се развива напредокот достигнат досега во зголемуваањето на расходите за одбраната“, се неведува во соопштението по средбата на Помпео со Конет.

Се додава и дека американскиот државен секретар и италијанскиот премиер, исто така, разговарале и за низа економски прашања.

„Помпео уште еднаш ја потврди поддршката на Соединетите држави на навременото завршување на главните енергетски проекти што ќе придонесат за енергетска безбедноста на Европа и Италија, додава Ортегус.

Со италијанскиот претседател Матарела, шефот на американската дипломатија разговарал за билатералната соработка меѓу САД и Италија во доменот на одбраната, „спротиставување на безбедносните закани“, како и за начините за надминување на економските проблеми.

Членките на НАТО на самитот во Велс во 2014 година донесоа одлука дека следните години ќе го подигнат издвојувањето за одбраната на 2 отсто од БДП. Таа цел според последните податоци во моментов ја исполнуваат само осум земји: САД, Велика Британија, Грција, Естонија, Литванија, Латвија, Естонија, Полска и Романија. Се очекува дека до 2024 година оваа цел ќе ја исполнат вкупно 17 земји. Односно покрај споменатите, и Албанија, Бугарија, Црна Гора, Чешка, Словачка, Хрватска, Унгарија, Турција и Франција.

Меѓутоа, некои земји, особено оние големите европски членки, како Германија, Шпанија и Италија, ниту до споменатиот рок нема да ја исполнат зацртаната цел. Инаку, од вкупните трошоци за одбраната на сите членки на НАТО, на САД отпаѓаат 70 отсто, поради што повеќе досегашни администрации во Вашингтон им приговараа на сојузниците. А во јули 2018 на дводневниот самит на Алијансата во Брисел, сегашниот американски претседател Доналд Трамп побара сојузниците во НАТО да ги зголемата своите издвојувања за одбраната на 4 отсто од БДП-то, „и тоа веднаш, а не по 2025-та“.

Покрај тоа, САД инсистираат третина од буџетите на членките на Алијансата да се користат за набавка на ново компатибилн оружје и опрема, а главен производител во НАТО е американската наменска индустрија. Државите од источна Европа, пак, ќе мора најмногу да вложат во набавката на опрема и техника, бидејќи нивните армии во моментов во зависност од земјата имаат 30 до 70 отсто опрема од советско производство која нема ниту лиценцирано сервисирање од 2014 година.