Помпео во Варшава потпиша договор за американско-полска соработка во одбраната

Полска, којашто има стратешка геопозиција на правецот кон Русија, ги зајакна своите настојувања да стане клучната компанента на американското воено присуство во Европа, откако во саботата во Варшава американскиот државен секретар ги потпиша договорот со кој во земјата ќе бидат трајно стационирани 1.000 американски војници.

„Тоа ќе ја зајакне гаранцијата дека нашите војници ќе стојат рамо-до-рамо во случлај на секаква опаснсот, без разлика дали таа е насочена кон Полска или кон САД“, изјави полскиот претседател Анджеј Дуда по церемонијата на потпишувањето на договорот.

Според овој договор, покрај дополнителните илјада војници во Полска, ќе биде стациониран и дел од американскиот прекуморски воен команден штаб.

При потпишувањето на документот, Дуда рече дека воената соработка меѓу Полска и Соединетите држави „значи зголемена безбедност за нашиот дел од Европа“, особено за балтичките земји и Украина.

Во согласност со спогодбата договорена во јули, бројот на американските војници во Полска ќе се зголеми на најмалку 5.500 лица, што Варшава ќе ја чини околу 135 милиони долари повеќе. Договорт гп вклучува и подобрување на експертизата на полските сили во областа на извидувањето (разузнавањето) и командната сфеа, а постои можност доколку е зголемена закана за оваа земја да бидат испратени и поголем број американски војници.

Државната новинска агенција PAP извести дека полскиот министер за одбрана Мариуш Блашчак изјвил дека, доколку е потребно, Полска е подготвена многу брзо да го зголеми бројот на американските војници на 20.000.

Договорот претходно во Варшава го разгледуваа американскиот државен секретар Мајк Помпео и полскиот премиер Матеуш Моравјецки. Двајцата, покрај тоа, разговарале и за пандемијата на короанвирусот, мобилните мрежи од 5G генерацијата и за новиот билатерален договор за соработка кој се однесува на развојот ан полската програма за цивилна употреба на нуклеарната енергија, соопшти Стејт департментот.

Постетата на Помпео на Полска следеше по неговите престои во Чешка, Австрија и Словенија, во рамките на неговата регионална турнеја, која во прв ред за цел имаше да ги одврати споменатите земји од енергетска, технолошка или инфрастуктурна соработка со Русија и со Кина.