
Средбите на почетокот на неделата најчесто завршуваат со откажување во последен момент, а главни причини се болест, замор, професионални обврски и подобра понуда, утврдила студијата на американскиот портал за запознавање match.com.
Понеделник е најлош ден за средба, додека саботата е најпопуларна затоа што луѓето имаат повеќе време за подготвување, пишува „Дејли мејл“. Викендот е четири пати повеќе популарен од работните денови и 81 отсто од испитаниците попрво за време на викенд би излегле на средба отколку било кој друг ден, потврдило истражувањето.
„Сабота навечер е најпопуларен ден затоа што луѓето се поопуштени отколку за време на работната недела и имаат повеќе време за средување. Не е ни чудно што понеделникот е најлош ден, бидејќи луѓето се секогаш заморни од викенд-активности или се преоптоварени со работа,“ изјави стручњакот за врски Кејт Тејлор од порталот match.com.
Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.