Понеделник неработен за сите граѓани

– Исто така, Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ, 17 април 2017 година (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден, е неработен ден за граѓаните од католичка вероисповед во Република Македонија, се вели во соопштението од МТСП.

Во него Министерството за труд и социјална политика, на граѓаните од православна вероисповед и на граѓаните од католичка вероисповед во Република Македонија им го честита големиот христијански празник Велигден.

Министерството за труд и социјална политика, претходно во петокот информира и дека 14 април 2017 годинаВелики петок, петок пред Велигден е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.