Понеповолна економската состојба во февруари

Раководителите во преработувачката иднсутрија економската состојба во февруари оваа година ја оценуваат како понеповолна во однос на претходниот месец, како и понеповолна во однос на истиот период лани, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Оценката за обезбеденоста на производството со порачки е понеповолна во однос на претходниот месец. Oценката за обемот на производството во февруари 2014 година е понепoволна во однос на претходниот месец, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се понеповолни, како и очекувањата за бројот на вработени. Во февруари 2014 година, залихите на суровини и репроматеријали, како и тековните набавки на суровини и репроматеријали се под и околу нормалата. Залихите на готовите производи во февруари 2014 година се намалени во однос на јануари 2014 година.

Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во февруари 2014 година изнесува 58,9 отсто од нормалното искористување. Најголемо влијание на ограничувањето на обемот на производство во февруари оваа година имаат следните фактори: недоволната странска побарувачка со 25,7 отсто, недоволната домашна побарувачка со 18,7 отсто, неизвесното економско опкружување со 8,4 отсто и финансиските проблеми со 8,3 отсто.