Поништена кошаркарската сезона во Италија

Италијанското кошаркарско првенство поради епидемијата на коронавируост е поништено за оваа сезона, во којашто нема да биде прогласен првак, соопшто Италијанскиот кошаркарски сојуз (FIP).

Одлуката ја соопшти претседателот на сојузот, Џовани Петручи, кој изјави дека биле „присилени да ја завршат сезоната, бидејќи нема надежи за продолжување“.

Во понеделникот сезоната официјално ја прекинаа и италијанските одбојкари и одбојкарките, а рагбистите, како првиот екипен спорт во Италија, тоа го сторија уште на 27-ми март.

Кошаркарската федерација соопшти дека одлуката ја донеле „откако го сослушале Федералниот овет“ и „поради постојната вонредна состојба со коронавирусот на целата територија на земјата“ со цел „да се заштити здравјето на спортистите, техничарите, судиите, менаџерите и техничкиот персонал кои учествуваат во организирањето натпреварите и нивните семејства“.