Поништена одлуката на ЕК, „Епл“ нема да и исплати на Ирска 13 милијарди евра за данок

„Епл“ ја поздрави ваквата одлука, како и Ирска која наведе дека „компанијата никогаш немала специјален третман“.

Европските судии денеска ја поништија одлуката на Европската комисија која во летото 2016 година побара од американската компанија „Епл“ на Ирска да и исплати заостанат данок во висина од 13 милијарди евра.

Судиите оценија дека Комисијата не докажала дека „Епл“ ги прекршил правилата на пазарна конкуренција.

„Епл“ ја поздрави ваквата одлука, како и Ирска која наведе дека „компанијата никогаш немала специјален третман“.

Европската комисија во 2016 година и наложи на „Епл“ на Ирска да и исплати 13 милијарди евра за неплатен данок откако било востановено дека компанијата плаќала еден отсто на профитот во Европа, додека даночната стапка во Ирска била 12,5 отсто.