Поништени 89 решенија за распределување во МВР

Поништени се решенијата за распоредување на работно место што ги донесе техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев на 6 и 7 февруари оваа година, информираше Владата. Врз основа на Законот за Влада на Република Македонија, на синоќешната седница е усвоена одлука за поништување на 89 решенија за распоредување на работно место што ги донесе техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев на 6 и 7 февруари годинава.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.