Пониски цени на продажните цени на индустриските производи

Продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, во јануари оваа година, се пониски за 0,3 отсто на месечно ниво и за 2,8 отсто на годишно ниво.

Во јануари оваа година, во споредба со претходниот месец, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 0,3 отсто, а пониски се во секторот Преработувачка индустрија за 0,3 отсто и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 1,3 отсто.

 

Во јануари оваа, во споредба со истиот период лани, продажните цени на производителите на индустриски производи,
вкупно, се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 4,2 отсто, во секторот Преработувачка индустрија
за 2,7 отсто и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 3,2 отсто.