Пониските царини за зголемување на инвестициите кај извозните компании

39

Намалување на царините за репроматеријали, обезбедување долгорочни поволни кредити и развој на економската дипломатија, е дел од поддршката што треба да им се овозможи на извозно ориентираните компании за да бидат мотор на растот во посткови периодот, беше речено денеска пред почетокот на економскиот форум што го организира Институтот за економски истражувања и политики „Фајненс тинк“.

Анализата што ја изготви „Фајненс тинк“ покажува дека намалувањето на царините за клучни инпути ќе влијае на зголемување на инвестициите до 25 проценти, на производството и конкурентноста, а ќе ја зголеми и конкурентноста на земјава за нови инвестиции.

– Извозно ориентираните компании имаат потенцијал да инвестираат во технологија и околу 60 отсто од нив се со план да го направат тоа. Тие имаат потенцијал и да вложуваат во инвестиции, како и да бидат дел од структурните промени во насока на јакнење на човечкиот капитал, пред се во процесот на дуално образование. Во однос на привлекувањето нови инвестиции, само кај 19 отсто структурни промени на реалокација кај матичните компании постојат и скоро 90 проценти од компаниите кои имаат процес на реалокација, имаат потецијал да доведат нови производни линии – изјави Благица Петрески од „Фајненс тинк“.

Пандемијата, додаде Петрески, покажа и колку е значајно да имаме домашни добавувачи.

– Во пандемијата се нарушија синџирите на добавување и голем дел од домашните компании беа соочени со проблем од каде да ги набават ресурсите и инпутите. Тоа ја извлече на површина многу малата соработка меѓу странските инвеститори и нашите компании. Во следниот период мора да се јакнат тие врски меѓу нив, а на тој начин да се интензивира и потенцијалот за производство на инпути и репромтеријали во земјата – рече таа.

Економската дипломатија, посочи Петрески, е клучна за домашните извозни компании да се прошират на други пазари, покрај постојните на кои се присутни.

– Големо ограничување е човечкиот капитал. Тој треба да се поттикне преку дуално обарзование и преку тренизни и доедукација на работно место – дополни Петрески, изнесувајќи ги заклулоците од анализата „Потенцијалот на извозно ориентираните компании за придонесот за посткови економското опоравување во Северна Македонија“.

Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи се согласи дека извозните компании имаат голема улога во економското закрепнување. Затоа, рече, преку четвртиот и петтиот пакет мерки веќе не се зборува само за помош, туку и за поттикнување новиинвестициски активности на овие производствени капацитети.

-Тука би истакнал неколку од нив, Фондот за поддршка на извозните компании, бескамтните кредити и Законот за државна гаранција за кредитирање кој ќе донесе дополнителна ликвидност за компаниите, а државата ќе гарантира за нивниот влог – истакна Битиќи.

Тој потсети и дека веќе се донесени две мерки со кои за 108 суровини или се намалени или се целосно укинати царинските давачки.

– Продолжуваме да работиме независно на носењето на одредените закони зашто Царинскиот тарифник и усогласувањето може да се направи на два начина – преку автономни мерки и системски, преку промена на целиот Царинскиот тарифник и законот на кој работиме заедно со сите компании – истакна Битиќи.

Тој посочи дека пред пратениците е и законот за фонд за поддршка на извозните компании, а законот за државна гаранција е уште еден инструмент што ќе им помогне во изнаоѓањето нови пазари.

Во однос на тоа колку трпи економијата поради немањето вакцини подолг период, Битиќи рече дека ефектите ќе се мерат по одреден период,

– Се обидуваме да покажеме дека економијата ја оставаме на економистите, а здравството на здравствените работници и професионалците во таа сфера. Сметам дека економските политики дадода резултат, имаше пад на БДП, но споредено со сите семји на ЕУ тој е многу помал дури и од поразвиените земји. Тоа не укажува дека сме подобри од нив, но политиките дале поголем ефект. Треба да се грижиме навреме да ги носиме мерките за да го ублажиме негативното влијание –  подвлече Битиќи.

Според него, на крајот на 2020 година земјава бележи раст на извозот. Во јануари 2021 растот беше за 15,4 отсто во однос на истиот месец лани кој се сметаше за еден од најдборите во изминатите неколку години.

– Во овој месец е забележана досега највисоката покриенсот на увозот со извоз од 84,7 отсто што ја немаме постигнато последните 15 години. Јануари 2021 е шестиот месец по ред во кој извозот бележи раст споредено со истиот месец лани, тренд кој се надеваме дека ќе продолжи, а секако е и потврда на соодветните економски политики кои ги имплементира Владата за време на кризата – нагласи Битиќи.

Пред форумот зборуваше и британската амбасадорка Рејчел Галовеј која изрази надеж дека ќе се зајакне економската соработка меѓу двете земји.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.