Поништен тендерот на министерството за здравство за набавка на реагенси вреден 35 милиони евра

Министерството за здравство одлучи во петоко по жестоките реакции во медиумите и јавноста,  во целост да го поништи тендерот вреден 35 милиони евра за јавна набавка и избор на српската фирма снабдувач за реагенси, а одлуката ќе биде соопштена и на единствениот кандидат фармацевската компанија АББОТТ и фирмата подизведувач АХР ЛАБ на Александар Јовановски.

Одлуката е донесена неколку часа откако пристигнаа решенијата на државната комисија за жалби по јавни набавки која ги прифатила сите три жалби на Адриамед, АД Д-р Пановски, Авицена компании. Претходно, министерот за здравство Венко Филипче соопшти дека тендерот е стопиран, отккао претходно рече дека немало причина зошто да поднесе оставка, бодејќи според него тендерот не бил скандалозен

Претходно во петокот Државната комисија за жалби по јавни набавки веќе одлучувала за тендерот за набавка на реагенси, кој ја разбранува јавноста, откако ги разгледала трите поплаки на конкурентите Адриамед, АД Д-р. Пановски и Авицена, а што е решено треба да биде објавено во понеделник. Трите компании, конкуренти на добитникот на тендерот „АББОТ“, треба писмено да бидат известени за исходот. Жалбите се доставени на 18-ти јули, а министерот за здравство Венко Филипче соопшти дека се запира тендерската постапка за да се утврдат евентуални недостатоци.

Со тендерот процесот на биохемиски анализи треба. наводно,  да се централизира во 12 лаборатории, па наместо самите болници да набавуваат реагенси, сега таа обврска ќе ја преземе министерството.

Тендерот, вреден 35 милиони евра за три години, беше спорен за јавноста по неколку сегменти, а најмногу по новоформираниот домашен подизведувач „Ахр лаб“, фирма регистрирана на адреса на повеќе адвокати, а основана во април годинава, кога во јавноста се дозна дека ќе има централизација на лабораториите.

На, во најмала рак акажано контроверзниот тендер,  конкурирала само компанијата „АХР ЛАБ увоз – извоз ДООЕЛ“, која е во сопственост на Предраг Петриќ од Нови Сад, а директор во Македонија и е извесен Александар Јовановски викан Жути од населбата Гази Баба. Станува збор за исклучително сомнителен тендер, ако се има редвид дека компанијата ќе добие монопол над целиот пазар со апарати и реагенси за испитување на крв во сите Јавни здравствени установи во Република Македонија.

Дополнително скандалозно е што во самата тендерска документација беа наведени спецификации за модел на апарати кои одговараат само на еден производител, токму компанијата АБОТ, иако на пазарот има уште десетици модели за апарати за испитување на крв.

Проверката во централниот регистар покажува дека компанијата која го добива тендерот е регистрирана на 18.04.2018 година, што консолидира со периодот во кој беше отворен техничкиот дијалог за тендерот. Оваа компанија која ја водат млади луѓе, нема никакво искуство во овој сектор, ниту, пак, некогаш се занимавала со медицинска опрема.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.