7.8 C
Skopje
четврток, април 25, 2024

Поништено гласањето на едно избирачко место во Ѓорче Петров

Станува збор за избирачкото место 2564, каде гласале 405 избирачи, а во кутијата имало 408 ливчиња. Комисијата на денешната седница донесе одлука да го разреши избирачкиот одбор и да поведе дисплинска постапка за членовите.

Според ДИК, избирачкиот одбор направил пропуст во постaпката на гласање на првиот круг на претседателските избори и на негово место ќе се избере нов одбор за вториот круг избори. ДИК одлучи да се поништи гласањето на ова место, но да нема прегласување.

Инаку во Ѓорче Петров во големо водство со две илјади гласови, односно освоени 52,52 отсто од гласовите, е кандидатка предложена од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановсака Давкова, пред кандидатот на владејачката коалиција предводена од СДСМ и ДУИ, Стево Пендаровски, кој освоил 41,17 отсто од гласовите.