Понудата што ја давам е – двојно поевтина струја за фирмите и зачувување на илјадници работни места, вели Мицкоски

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во денешното гостување во емисијата 10 Студио на телевизија 24, вели дека понудата што ја предложил до Владата значи поевтина струја за фирмата и зачувување на илјадници работни места, укажувајќи дека, неприфаќањето од страна на власта всушност покажува дека ѝ одговора стопанството да плаќа двојно поскапа електрична енергија.

Владата вели вака, за да го задоволиме конзумот кој што ЕВН Хоме го снабдува, а тоа се граѓаните и индустријата што се на регулиран пазар, ние гарантираме дека ќе работат три блока во РЕК Битола, ќе работи Осломеј, ќе работат двете турбини ТЕЦ Неготино, ќе работи хидропотенцијалот и ќе остануваат 40 мегават вишок. Ова го вели Владата. Ако е тоа така, јас тука бизнисот не го гледам, затоа што бизнисот и стопанството ее многу важни и 670 илјади наши сограѓани ги хранат семејствата работејќи за тие компании, веќе Фени ги исклучи печките, не произведува од 1 јули, Бучим Боров Дол од 1ви септември не работи, луѓето се на 70 проценти плата, а дел од нив ќе бидат отпуштени, прекинати им се договорите. Во најава се и други сериозни компании да го затворат своето производство и тоа директно ќе удри на БДП, односно на македонската економија и голем број десетици илјади наши сограѓани ќе останат без работа, изјави Мицкоски.

Тој нагласи дека власта не се грижи за бизнисот, а тоа го потврдиле и претставниците од стопанските комори во државата, посочувајќи му дека се оставени без било каква помош од страна на власта.

-Бидејќи Владата не се грижи за бизнисот, јас имав изминатите две недели состаноци со претседателот на Стопанската комора Азески, со Трајан Ангелески од Управниот одбор на Сојузот на стопански комори, претходно и со претставници од Комората на Северозападна Македонија и констатиравме дека сите тие се оставени без било каква помош од страна на владата.

Јас велам, ајде ТЕЦ Неготино тоа што го произведува да му го дадеме на бизнисот, ако работат двете турбини тоа се отприлика 160 до 180 мегавати. Да обезбедиме ресурси, бидејќи ТЕЦ Неготино работи на мазут, а државата купува скап мазут, односно по регулирана цена, ајде да се обидеме да најдеме евтин ресурс за да работи ТЕЦ Неготино, за бизнисот да ги задржи работници за да не се губат работни места. Затоа што ако затвори бизнисот, не може да отвори, тие работници кои се квалификувани, ќе заминат надвор од Македонија или пак ќе ги преземе некој друг и тие компании тешко потоа ќе се рестартираат. И затоа велиме, да му помогнеме на бизнисот, рече Мицкоски.

-Моите контакти дадоа индикативна цена која е многу поевтина од таа која што во моментот ја набавува државата, објасни Мицкоски и додаде: Тој ресурс енергетски кој што ќе го користи ТЕЦ Неготино плус тулингот или факторингот, преработката на мазут за да произведе електрична енергија, според нашите пресметки, ќе резултира со цена на електричната енергија на струјата, ако работи со две турбини, не повеќе со 150 евра за мегават час, ако работи со една турбина не повеќе од 195 мегават час.
Мојот концепт не се темели да донесеме струја, се темели да произведеме струја, потенцираше Мицкоски.