Обилни врнежи во текот на денешниот ден се очекуваат во северозападниот дел на земјава, а од утре на повеќе места, кога се очекува да наврнат и над 40 л/м2 воден талог.
Температурите ќе бидат во постепено опаѓање и кон крајот на работната недела дневната температура ќе се движи од 6 до 13 степени.
Во текот на работната недела нашето подрачје ќе биде под влијание на серија влажни бранови од Медитеранот кои ќе условат променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, а на повисоките планини повремен снег.
Облачно и свежо со поинтензивни врнежи од дожд се очекува во среда и петок, особено во западните и јужните делови. Дневната температура секојдневно ќе опаѓа за 2 до 3 степени