Пописот ќе се спроведува од 1 до 21 април 2020 година

40

Владата го усвои предлог-законот за попис со кој е предвидено идната година во април со буџет од 8 ипол милиони евра да се попишат граѓаните, домаќинствата и становите.

Претходниот обид во 2011 пропадна, без да се наведат точните причини, но неофицијално спорна беше процентуалната застапеност на етничките заедници. Поради тоа беше најавувано дека графата за етничка припадност нема да постои, но по владините консултации, таа сепак ќе биде на списокот.

Еден од главните проблеми во 2011 беше и како ќе се запишуваат иселените – односно дали тие ќе влезат во бројот на вкупнтоо население во земјава.. Сега ќе бројат сите, но од државниот завод за статистика уверуваат  дека не постои можност за двојно запишување на списокот, бидејќи електронскиот систем дозволува внесување на матичен број само еднаш.

Целата процедура на пописот ќе се спроведува преку комбиниран метод – ќе се собираат податоци од терен и од претпописна база на податоци.Ќе бидат ангажирани 6000 попишувачи на 45 реони во државата, а според очекувањата, во септември 2020 ќе се знаат конечните резултати од пребројувањето.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.