Пописот на населението ќе ја чини Македонија околу 8.5 милиони евра

На територијата на Македонија наредната година ќе биде спроведен долгоочекуваниот попис на населението.

Како што истакна директорот на Државен завод за статистика, Апостој Симевски, пописот ќе трае три седмици и истиот ќе чини околу 8.5 милиони евра.

Во претстојниот попис ќе учествуваат околу 6.000 лица. Тој ќе ги опфаќа сите лица, вклучувајќи ги тие што се присутни и отсутни од државата. Со законот е предвидено, оние кои нема да се самопотпишат, податоци да дадат оние кои најдобро ги познаваат. Очекуваме за шест месеци по пописот, да имаме конечни резултати. Пописот е скапа операција, трае долго време и ќе чини околу 8.5 милиони евра. Дел од тие средства ќе се потрошат во оваа година со цел да се снабдиме со опрема. Пописот ќе трае од 1 до 21 април, 2020 година. Ќе имаме една седмица за дополнително проверки. Што се однесува до дијаспората, класичен попис нема да има. Тие ќе имаат можност да се потпишат преку посебна веб-апликација, истакна Симевски.