Попладне невреме со интензивни врнежи од дожд и град

Претпладне времето ќе биде умерено облачно со подолги сончеви периоди, особено во јужните делови.

Околу пладне и попладне ќе дува умерен повремено засилен  северен ветер.

Попладне променливо и нестабилно облачно со повремени врнежи од дожд кои на повеќе места ќе бидат поројни, проследени со грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни  во форма на невреме ( се очекува да наврнат  над 25 л/м2 воден талог) и можна е појава на град.

Повремени врнежи од дожд ќе има и во текот на ноќта, повеќе во јужните делови од  земјава. Вкупните врнежи на места ќе надминуваат 25 л/м2.

Утре ќе преовладува променливо облачно и  посвежо време со повремени врнежи од дожд и услови за краткотрајна нестабилност ќе има претежно во јужните делови. Дневната температура ќе биде пониска за 6 до 8 степени во споредба со денешната.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.