Попладне пороен дожд, грмежи и ветер

Времето денеска во претпладневните часови ќе биде променливо облачно, а од пладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места ќе има поинтензивни процеси во форма на краткотрајно невреме со силен ветер, електрични празнења и изолирана појава на град.

Максималната температура ќе биде во интервал од 19 до 26 Целзиусови степени.

Во Скопје ќе преовладува променливо облачно време, а во попладневните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Во делови од котлината ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со засилен ветер и услови за изолирана појава на град. Максималната температура ќе достигне до 25 степени.

Во следните денови во претпладневните часови ќе се задржи сончево време со мала до умерена облачност, а во попладневните променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. На места процесите ќе бидат поинтензивни во форма на краткотрајно невреме со интензивен дожд, силен ветер, електрични празнења и појава на град

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.