Попладне протести и блокади во целата земја

Пo синоќешниот протест пред Собранието во организација на  движењето Бојкотирам уставни промени, за денеска се најавени нови протести ширум државава.

Учесниците, најавија дека од денеска  ќе почнат со блокади на главните сообраќајници и крстосници со возила и механизација, и протести во Скопје и во сите градови низ земјата се додека не се исполнат поставените барања.

Синоќа ова здружение побара стопирање на постапката за уставни измени, поништување на Договорот од Преспа и трајна заштита на името на Македонија.