Попладне сончево со мала облачност, утре дожд, од понеделник сончево

38

Времето во претпладневните часови денеска ќе биде умерено облачно, а попладне сончево со мала облачност. Ќе дува слаб доумерен ветер од северен правец, информираат од УХМР.

Максималната температура ќе се движи од 5 до 11 степени.

Во Скопје сончево со умерена, а попладне со мала облачност. Ќе дува слаб доумерен северен ветер.

Утре во јужните делови ќе биде облачно со врнежи од дожд, а во сабота такво време ќе биде во целата земја. Дожд ќе врне до недела претпладне. За време на викендот ќе дува умерен дозасилен североисточен ветер.

Од понеделник следува период на сончево време со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во значителен пораст.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.