Попладнево заседава ИК на ВМРО-ДПМНЕ заедно со пратеничката група

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за денес попладне свика седница на Извршниот комитет и состанок со пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Во текот на денот тие ќе бидат во постојано заседавање, каде ќе се разговара за актуелната состојба поврзана со уставните измени.

Од ВМРО-ДПМНЕ брифираат дека се вршат жестоки притисоци од власта и Зоран Заев за обезбедување на мнозинство за гласање на уставните измени, се гази демократијата, а премиерот по секоја цена, спротивно на волјата на грашаните, тргнал кон промена на уставното име на државата.

Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат и дека Заев е исплашен човек, а всушност операцијата за промена на името, станува операција за спас на неговата кариера. Националното обезличување станува врвен приоритет на Заев.