Поплави во Албанија, татко и син однесени од надојдена река

Татко и сон исчезнале во неделата во северна Албанија откако нивниот автомобил завршил во река за време на поплавите, додека итните служби ги евакуираат загрозените поради обилните дождови.

Девојката, којашто исто така била во автомобилот, успеала да се спаси, соопшти локалната полиција.

„Таткото и братот на девојката ги однела водата и полицијата работи на пронаоѓање на исчезнатите мажи“, објави албанската полиција на својата Facebook страница.

Во погодените области некои училишта во понеделник ќе останат затворени, а службите за итни ситуации започнале со евакуација во близина на градот Скадар поради опасност од поплави.

Албанија, којашто за производство на електричната енергија се потпира на хидроцентралите, во текот на оваа година се соочи со една од најлошите суши последните децении, поради што владата во Тирана беше принудена да увезува повеќе струја.

Државното електростопанство KESH соопшти дека дождот во последните 24 часа ги наполнила акумулациите и иако произведувала со полна капацитет, морала да испушти повеќе вода за зачувување на безбедноста на две брани.