Поплави во Алжир

Силно невреме ги поплави метро станиците и новиот градски аеродром во главниот град на Алжир. Главните булевари се претворени во калливи реки каде возачите беа заглавени во автомобилите, пренесуваат локалните медиуми.

Портпаролот за цивилна заштита Карим Бернави изјави денеска дека штетата од дождот што вчера го зафати Алжир е огромна.

Градоначалникот на Алжир рече дека за 40 минути паднале 40 милиметри дожд, што е еквивалент за три месеци „нормален дожд“.

Некои метро и трамвајски станици и утрово останаа затворени.

Властите ги повикаа жителите да избегнуваат непотребни патувања, а националната метеоролошка служба предупреди за нови врнежи.

Жителите на Алжир ги обвинија градските власти дека не ги одржувале пристаништата и другата инфраструктура.