Поплави во Босна и Херцеговина

Во Унско-санскиот кантон на западот на Босна и Херцеговина (БиХ), поради поплави и обилни дождови, прогласена е состојба на природна катастрофа – потврди за Радио Слободна Европа градоначалникот на Бихаќ, Елведин Седиќ.

Претходно се одржа седница на Владата на Унско-санскиот кантон, на која беше усвоена оваа одлука.

Градоначалникот на Босанска Крупа претходно за РСЕ изјави дека повеќе од 200 станбени згради се поплавени во тој град, по излевањето на реките Уна и Крушница.

„Сè уште не го утврдивме степенот на штетата. Некои локални патишта до градот се отсечени“, рече Халитовиќ.

Шест куќи во општина Велика Кладуша се целосно поплавени, додека 30 куќи се во опасност од поплави. Две села се целосно отсечени од општината, а поплавено е и локалното училиште, поради што денеска е откажана наставата.

Спасувачи носат луѓе на безбедно за време на спасувачките операции, во Форли, Италија по поплавите што го погодија северниот италијански регион Емилиа-Ромања. 17 мај 2023 година.

Најлошо е во Бихаќ, каде што беа поплавени повеќе од 200 згради, изјави за РСЕ Мухамед Печенковиќ од кантоналната цивилна заштита.

Печенковиќ истакна дека е проблематично и во месните заедници Кулен Вакуф и Клокот. Поради излевање на локалната река, населбата Клокот е отсечена од градот.

Затворени се голем број локални патишта, како и главниот пат кон Бихаќка“, вели Печенковиќ.

Претходно, вонредна состојба од поплави беше прогласена во општините Нови Град и Костајница, северозападно од БиХ.

Повеќе од десет станбени згради се поплавени во Костајница.

Во општина Нови Град денска нема настава во основните и средните училишта, одлучи Ургентниот штаб.

Во текот на претходната ноќ беа организирани и дежурства, а сите отвори беа затворени за да не влезе вода во градот. Поплавени се повеќе од 50 станбени објекти.

Во Приједор поплавени се неколку десетици згради во делот каде се излеа реката Сана. Во градот е во сила редовна мерка за одбрана од поплави.

Во овој дел на Босна и Херцеговина прекин на сообраќајот имаше и на некои локални патишта.

Обилните врнежи предизвикаа покачување на водостојот на сите реки, излевање на водата од коритата, навлегување на вода во станбени, деловни и помошни објекти, како и активирање на одрони.