24.8 C
Skopje
петок, март 29, 2024

Поплави во Србија, прогласена вонредна состојба

Поради обилни врнежи од дожд во неколку општини во Србија е прогласена вонредна состојба, а 24 лица се евакуирани од поплавени објекти. Вонредна состојба е прогласена во Ниш, Лесковац, Бојник, Власотинци…

Припадници на српското Министерство за внатрешни работи вчера евакуирале 34 лица од објекти кои биле поплавени откако се излеале реки.

Според хидролошката состојба, моменталната состојба на водостоите на реките и состојбата на заштитните објекти, прогласена е вонредна одбрана од поплави на Водните единици „Јужна Морава-Врање“ и „Нишава-Ниш“.

Српските медиуми јавуваат дека надлежните служби и спасувачки екипи се на терен и работат на евакуација на лицата, таму каде што е потребно, како и на првична санација на штетите од поплавите.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.