Попмео задоволен од разговорите, Пјонгјанг го обвинува за предавство

Државниот секретар на САД, Мајк Помпео ги оценил како „многу продуктивни“ дводневните разговори који ги водел во Пјонгјанг за почнување на конкретен план за  денуклеаризација.

Помпео од вчера  осум часа преговарал со Ким Јонг- Чол,  десната рака на лидерот на Северна Кореја, Ким Јонг-Ун во Пјонгјанг.

Во изјавата за новинарите пред да замине за Токио Помпео разговорите ги оцени како продуктивни, но не прецизираше како Северна Кореја има намера да се придржува до своите обврски за денуклеаризирање на полуостровот во замена за безбедносни гаранции.

 

Ова се комплексни прашања, но ние напредувавме во скоро сите централни прашања, во некои направија големи чекори, а за некои се уште останува работа, рече тој.

Тој во Токио треба да ги информира своите колеги од Јапонија и Јужна Кореа за напредокот во преговорите .

Целта на состанокот во Пјонгјанг е изработка на детални насоки кон „целосна денуклеаризацијата на Корејскиот полуостров“ како што за време на историската средба во Сингапур на 12 јуни се договорија претседател Доналд Трамп и  Ким Јонг-ун.

Никој не се оддалечил од оваа цел, која ни дава обврски. Имавме продуктивни разговори во добра вера,  додаде Помпео и потенцираше дека претставниците на двете страни ќе се сретнат во работна група на 12 јули, за да разговараат за враќање на останките на американски војници загинати во Корејската војна (1950 – 1953).

 

Во меѓувреме, од Пјонгјанг со сосема поинаков тон за разговорите обвинувајќи ги Американците за “унилатерален притисок”.

Разговорите со американската делегација се вредни за жалење. Американската страна гоиздаде  духот на минатомесечниот самит. Исходот од придружните разговори  е многу загрижувачки бидејќи не доведе до опасна фаза која би можела да ја поремети нашата волја за денуклеаризација која досега беше силна, соопшти Министерството за надворешни работи на Северна Кореја.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.