Попоски: 24/7 Инфо-Центар во МНР

Носителот на кандидатската листа за пратеници на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за ИЕ 6, Никола Попоски, денеска ја посети Општина Јегуновце. Во рамките на својата посета тој ги посети селата Беловиште, Вратница, Старо Село и Рогачево и се сретна со граѓани на овие населени места.

На средбите, тој ја промовираше програмата “Проверено” на ВМРО-ДПМНЕ и досега реализираните проекти во Општина Јегуновце. Особено се осврна на проектот Инфо Центар 24/7 во рамките на Министерството за надворешни работи, којшто е од големо значење за граѓаните на Македонија и нашата дијаспора.

– Цел на овој проект е поголема достапност до сите информации за работата и услугите на Министерството надворешни работи, за сте засегнати граѓани и странки. Истото ќе придонесе за побрзото информирање, но и извршување на потребите на сите оние засегнати граѓани, а со цел да се олесни пристапот до информациите и
услугите. Инфо-центарот покрај тоа што ќе биде достапен 24 часа, 7 дена во неделата, по телефонска линија, истиот ќе биде достапен и по најновите Интернет и мобилни платформи на социјалните мрежи како: Вибер, Скајп, Фејсбук, Твитер- истакна Попоски.

Во продолжение на денот, Никола Попоски ке ја посети Општина Брвеница.