Попоски до Димитров: Признавте дека единствена пречка за членство на Македонија во ЕУ и НАТО е Грција, а не ВМРО-ДПМНЕ

Попоски до Димитров: Признавте дека единствена пречка за членство на Македонија во ЕУ и НАТО е Грција, а не ВМРО-ДПМНЕ

На денешната седница на Комисијата за надворешна политика во Собранието на Република Македеонија на којашто министерот за надворешни работи Никола Димитров реферираше за досега сработеното, пратеникот и неговиот претходник на должноста шеф на макеоднската дипломатија и сега пратеник Никола Поповскиго го поздрави фактот што Димитров пред сите призна дека единствена пречка за членството на Македонија во Европката унија и НАТО е Грција, а не предходната Влада што ја предводеше ВМРО-ДПМНЕ.

„Новата Влада дојде со една теза дека ние не сме членка на НАТО, не сме ги отпочнале преговорите за членство со ЕУ поради тоа што нечини Владата, државата, национализмот, ставовите итн. Ме радува тоа што министерот, по првата посета во Атина доаѓа и се приближува до онаа процена којашто ја имавме сите предходно: дека нашето членство во Европската унија води преку Атина и дека тезата со која се замина во Атина, односно еве сега има нова Влада, едноставно Грција ќе ја промени својата процена и дека ќе дозволи Македонија да влезе во НАТО и да отпочне преговори со ЕУ под привремената референца онака како што било договорено во деведесеттите години. Тоа беше тезата со која се отиде во Атина и од Атина се доби недвосмислен одговор исто онаков каков што имавме добиено и претходно. Јасен, концизен, без никакви дилеми. Треба да направите суштински отстапки по ова прашање, треба да постапите по оние насоки кои ние ви ги даваме и во тој момент може да откочи европската и евроатланската перспектива на Република Македонија“, посочи Никола Поповски од ВМРО-ДПМНЕ.

Дополнително, Поповски од министерот Димитров побара да се објават деталите од договорот за добрососедство со Бугарија, коишто, како што изјави тогаш Заев, требало да ги решат министрите за надворешни работи „на еден кафе

Поповски му порача на Димитров дека доколку навистина сакаат да градат консензус за прашања од национален интерес како што велеа, и транспарентно да ја водат државата, дека сега е вистинскиот момент тоа да го покажат и да кажат што сé е договорено со Бугарија и што уште треба да се допрецизира.

„Во однос со договорот со Бугарија. Премиерот Заев отиде во Софија и од таму ни најави дека на 2 август ќе имаме потпишан договор за добрососедство со Бугарија, дека сé е решено и испеглано и дека останат е само еден мал детал којшто ќе треба министрите за надворешни работи во кафе муабет да го решат и да го надминат и тоа е веќе завршена работа. Имам прашање до министерот: кој е тој мал детал којшто треба министрите со кафе муабет да го надминат, и сметам дека доколку навистина е таква ситуацијата, би требало да ја удостоите македонската јавност и да ги споделите тие аспекти и да кажете во ред, нас ни е потребен национален консензус, сакаме да градиме широка база за поддршка на било кој договор или унапредување на односите со нашите соседи и затоа ќе работиме транспарентно и со јавноста и со сите парламентарни групи застапени во Собранието на Република Македонија“, додаде Поповски.