Попоски на седумдесетото заседание на Генералното собрание на ОН

34

Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски на седумдесетото заседание на Генералното собрание на ОН.

Министерот вчера учествуваше на министерската средба на земјите членки на Процесот на соработка на југоисточна Европа со кој претседава Република Бугарија.

Како што информираат од Министерството за надворешни работи, на средбата се разгледуваа можности да се подобрат мерките потребни за подобрување на транспортните и енергетските инфраструктури пред средината на 2016-та година. Соработката со Република Бугарија и Република Албанија е во нагорна линија, особено кон обезбедување на средства за развој на коридорот 8.

Попоски на седумдесетото заседание на Генералното собрание на ОН
Попоски на седумдесетото заседание на Генералното собрание на ОН

Потоа, МНР Попоски зеде учество на настанот на министерско ниво посветен на зајакнување на соработката во делот на миграцијата и бегалското движење во рамки на новата развојна агенда.  Еден од новитетите помеѓу претходната развојна рамка – милениумските развојни цели – и одржливите развојни цели кои беа усвоени неколку дена претходно е токму отсуството на миграциите во старата рамка. Тоа што Република Македонија и Европа се соочуваат со едeн од најголемите миграциски предизвици на модерното време и размислување на миграциите низ рамка на долгорочна развојна агенда, а не само како криза која мора сега некако да се реши, и дава на ситуацијата со мигрантите квалитет на проект кој може успешно да се исполни, соопштуваат од Министерството.

На крај, министерот Попоски учествуваше на трансатлантската вечера, чиј домаќин е државниот секретар на САД, Џон Кери, а покрај МНР Попоски, учествуваа и министрите за надворешни работи на членките на НАТО, ЕУ.

Се дискутираше за ситуацијата во Сирија, жариштата од кои произлегувa мигрантската криза, процесот на интегрирање во НАТО, како и за ризиците за безбедноста во регионот на југоисточна Европа.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.