Министерот за надворешни работи, Никола Попоски, денеска во Брисел ќе учествува на Меѓународната конференција за заштита од геноцид, јавува дописникот на МИА од Брисел.
Заедно со Попоски, на оваа конференција ќе присуствуваат бројни високи претставници на Обединетите нации, министри за надворешни работи и дипломати, меѓу кои и грчкиот шеф на дипломатијата Евангелос Венизелос.
Иако не е најавена средба меѓу македонскиот и грчкиот миинистер, можно е на маргините на оваа конференција посветена на страдањето на цивилите во светот, Попоски и Венизелос да остварат неофицијална средба, како продолжение на нивните зачестени средби во последно време, откако Грција го презема претседателството со Советот на Европската унија.