Попоски на средба со колегите од Западен Балкан

Министерот за надворешни работи Никола Попоски денес во Њујорк учествуваше на работниот појадок на министрите за надворешни работи на земјите од Западен Балкан организиран од страна на Регионалниот совет за соработка на кој учествуваше и еврокомесарот за проширување Јоханес Хан.

Како што соопшти МНР, на средбата што се одржа во рамки на 70. Генерално собрание на ОН, се разговараше за обврските превземени на Самитот во Виена, од август годинава, со фокус на мерките во областите на енергија и транспорт, забрзување на економскиот раст и развој, како и спроведување на европските стандарди и исполнување на ЕУ – критериумите.

– За време на работниот појадок соговорниците разменија мислења за прашања од заеднички интерес, со посебен акцент на актуелната миграциска криза и потребата од соработка на државите од Западен Балкан во справувањето со масовниот наплив на мигранти. Беа разменети мислења за унапредување на регионалната соработка, реформите во областа на економското управување и владеењето на правото кои се релевантни за процесот на евроинтеграциите, стои во соопштението.