Попоски утре ќе ја предводи државно-црковната делегација во чест на Св. Кирил

82

Министерот за надворешни работи Никола Попоски утре ќе ја предводи државно-црковната делегација на молебенот на гробот на свети Кирил во базиликата „Сан Клементе“ во Рим, каде што ќе положи цвеќе на гробот на светителот. Со молебенот, кој е во рамки на манифестацијата „Македонија во чест на Св. Кирил“, ќе чиноначалствуваат митрополитот дебарско-кичевски г. Тимотеј и митрополитот европски г. Пимен.

Како што соопшти МНР, Попоски в петок, 26 мај, ќе биде дел од државно-црковната делегација предводена од претседателот Ѓорге Иванов, и ќе присуствува на аудиенцијата кај папата Франциск. Потоа ќе го придружува претседателот Иванов на средба со државниот секретар на Светата Столица, кардиналот Пиетро Паролин, во Апостолската палата.

Во рамки на традиционалната манифестација „Македонија во чест на Св. Кирил“, во четврток ќе има музичка програма со настап на етногрупата „Баклава“ во театарот Ghione во Рим.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.