-Владата предводена од СДСМ сакаше да протне закон според кој студентите остануваат без студентски оброк. Тоа предизвика револт, го видоа тоа и го викна омилениот студент на власта и се договорија дека ќе се договорат, односно реално немаше договор, рече Сергеј Попов, претседател на Унија на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ на гостувањето во Тема на денот во централниот Дневник на телевизија Сител.
„СДСМ со нивниот омилен студент сакаше да прикаже победничка атмосфера, се договорија дека ќе се договораат до март и поставувам една дилема, дали е случајност или намерна манипулација што во нивниот последен предлог стои до март да се земаат средства според постоечките услови и изоставена е одредбата каде треба да стои ретроградно враќање на средствата кои не им се исплатени за изминатите два и пол месеци. Ова за враќање на средствата во предлог законот, не стои“, рече Попов.
Тој соопшти дека законot предложен од ВМРО-ДПМНЕ утре е во Собрание и треба да се гласа за потребата од негово носење.
„Сега ги повикувам да гласаат „за“ предлогот кој ветува 160 денари, наместо 120 денари, бидејќи 120 денари од пред една година и сега, не вредат исто. Има инфлација од 30 проценти. Откако ќе се поддржи потребата на комисиските расправи, ќе имаат прилика да се усогласиме со нивните забелешки, доколку ги имаат. Во спротивно, ова што го прават е само театар“, заклучи Попов.