Попова: Ветија а не остварија поврат на ДДВ

СДСМ или свесно ги лажеше граѓаните или се целосно неспособни да го реализираат ветеното. Резултатот на крајот е ист. Животот дојде за Зоран Заев и функционерите околу него, а граѓаните осиромашуваат, обвинува Ирена Попова од ВМРО-ДПМНЕ.

Мерката за поврат на 15% на ДДВ е најголемата предизборна лага на СДСМ. Немаше изборен собир на кој Заев не се фалеше дека со оваа мерка секое семејство ќе добива 30.000 денари, односно 13 плата на крајот на секоја календарска година. Зоран Заев ветуваше дека оваа мерка ќе биде првата мерка на владата на СДСМ. Зоран Заев излажа, рече таа.

Попова вели дека Зоран Заев ветуваше дека преку оваа мерка граѓаните на крајот на секоја календарската година ќе добиваат 30.000 денари по основ на поврат на ДДВ.

Не само што оваа мерка не беше реализирана веднаш, туку не е имплементирана ниту денес, година ипол по изборите во 2016 година. Скоро една година откако Зоран Заев е премиер оваа мерка е се уште мртво слово на хартија. Заев си поигра со граѓаните ветувајќи дека преку оваа мерка ќе има повеќе пари за граѓаните. Граѓаните се разочарани и револтирани. Скоро година дена откако СДСМ е на власт, наместо повеќе пари за граѓаните, СДСМ ја спроведува политиката повеќе пари земени од граѓаните. Со задолжување од над 1.4 милијарди евра и со голема веројатност дека ова темпо да продолжи и во иднина, владата забрзано ги осиромашува граѓаните. 9 месеци граѓаните се сведоци на економско фијаско. Нема мерки и нема проекти. Нема повеќе пари за граѓаните, има само повеќе пари за елитата во врвот на СДСМ. Власта наместо да го остварува ветеното, веќе 9 месеци спроведува штетни политики, склучува штетни договори и се обидува да носи неуставни закони, вели Попова.

Ззаклучи дека граѓаните се разочарани од СДСМ. затоа што ги „излажа“. „Мерките кои ги ветуваа како итни и интервентни се испоставија како една обична лага“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.