Поповски: Ќе го решиме проблемот со хигиената во Центар

ВМРО-ДПМНЕ продолжува да ги промовира проектите за подобар живот во Општина Центар. Носителот на советничката листа на партијата во оваа општина Зоран Поповски, најави разубавување на Зеленото пазарче. Како што кажа тој Зелено пазарче е местото каде центарци пазаруваат и ги извршуваат секојдневните обврски.

Тој хигиената ја посочи како примарен приоритет, како што кажа Поповски многумина ветуваа но не го исполнија истото.

-Ние со преземењато на локалната самоуправа, ќе го решиме овој проблем, ќе поставиме минимум 50 проценти од контејнерите да бидат подземни, ќе го дуплираме бројот на корпи за отпадоци и сакаде каде недостасуваат ќе поставиме нови. Ќе го урбанизираме овој дел, ќе бидат поставени нови клупи, фонтани, чешми, ново осветлување. Ќе го решиме и проблемот со паркирањето, ќе го олесниме животот на граѓаните кои живеат овде. Да го направиме Зелено пазарче повторно зелено, изјави Поповски.

Инаку, кандидатот за градоначалник на Општина Центар од ВМРО-ДПМНЕ Дејан Јовановски, секојдневно заедно кандидатите за советници, ја промовира својата програма низ целата општина и ја бара довербата од граѓаните за реализација на своите проекти.