Поповски: Поблиску сме до немање препорака и ладен туш

Никола Поповски, поранешен министер за финансии во владата на СДСМ и универзитетски професор во вчерашното гостување во телевизија „Анализа“ на 24 вести истакна дека Република Македонија влегла во замка.

Според него нон пејперот на кој се повикува Франција, Холандија и Данска имаат сериозни забелешки со реформите во Македонија, бидејќи актуелната власт се фокусирала на еден проблем, а ги запоставила другите.

Поповски смета дека Република Македонија е се подалеку од добивање на препорака.

-Објективно гледано ние сме поблиску до немање препорака и тоа ќе биде еден ладен туш за жал за Македонија. Знаеме кои три, четири држави кажуваат да и даваат сила да бидеме дел, знаеме кои три четири држави даваат сериозен отпор и не знаеме други 20 држави што мислат, вели Поповски.

Поповски потенцираше дека со потпишување и ратификацијата на договорот со Република Грција, де факто Македонија нема да добие ниту милиметар напредок.

-Мислам дека државните институции не беа свесни или пак беа свесни но нас не ни кажуваа дека после потпишување и ратификација на договорот  со Европската Унија де факто ние нема да добиеме ниту еден милиметар напредок. А тоа е опасноста да не добиеме која мене сега ми изгледа за жал се поголема, додаде Поповски.  

Поповски кажа дека ќе треба многу вештина, дури повеќе вештина од склучување на договор, бидејќи можна е ситуацијата да Република Македонија исполни се, додека другата страна да не исполни ништо.

-Само да не ни се случи најлошото и тоа ќе треба да го избегнеме ние да исполниме се а кон нас да не исполни никој ништо, истакна Поповски.  

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.