Попоски: Тврдењата на Шилегов се неточни

По прес конфренцијата на портпаролот на СДСМ Петре Шилегов во кој посочи дека министри од ВМРО ДПМНЕ треба кривично да одговараат поради поднесени два анкетни листа до Антикорупциската комисија, како функционери и како пратеници, одговори и министерот за надворешни работи Никола Попоски.

Попоски ги оцени ставовите на Шилегов како манупулации и лаги затоа што првиот анкетен лист го поднел во 2014 година додека вториот во 2017 година. Тој објаснува дека разликата во вредноста на станот од 200 илјади денари за период од три години се должи на промените на вредноста на пазарот на недвижности во Белгија.

„ Порастот во заштедата на сопругата на Никола Попоски како и неговата лична заштеда се должи на периодот на поднесување на едниот и другиот анкетен лист, по што е логично, пратеникот Попоски и неговата сопруга да имаат поголеми заштеди (сума зголемена во период од 2014 до 2017) . Секако дека сето ова е логично и јасно, дури и за господинот Шилегов, но неговата цел не е вистината, туку политичко сплеткарење со кое посакува да претстави дека неговите нечесни намери се во функција на демократијата во Македонија, се вели во писмената реакција на министерот Попоски.

Шилегов, на прес конференцијата изјави дека анкетните листови за имотната состојба на само 4-ца функционери од ВМРО-ДПМНЕ сами по себе говорат за тоа, како што вели, „во каков апсурд криминалната власт го доведе функционирањето на државата и на институциите“. Шилегов најави дека против четворица функционери вклучувајќи го и премиерот Емил Димитриев СДСМ ќе поднесе кривични пријави.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.