Популарен руски писател на потерница на Кремљ

Руските власти денеска издадоа потерница по Дмитриј Глуховски, популарен писател на научна фантастика, под обвинение за ширење лажни информации за воена интервенција во Украина.

Во објава на платформата Телеграм, Глуховски напиша дека е обвинет затоа што наводно ги дискредитирал руските вооружени сили на Инстаграм.

„Подготвен сум да повторам се што напишав, а тоа е: Стоп за војната! Признајте дека ова е војна против целиот народ и прекинете ја“, напиша Глуховски.

На веб-страницата на руското Министерство за внатрешни работи беше објавено дека Глуховски, најпознат по серијата научно-фантастични романи „Метро 2033“.

Судот забележа дека писателот се товари за раздел 2 од член 207.3 од Кривичниот законик на Руската Федерација (јавно ширење свесно лажни информации за употребата на вооружените сили на РФ), кој предвидува затворска казна од 5 до 10 години.

Уште на 13-ти мај, Басманскиот суд во Москва наложили во отсиство приведување на Глуховски по напис за дискредитација на армијата, изјавиле за РИА Новости во прес-службата на судот. Претходно Глуховски бил вброен во базата на Министерството за внатрешни работи на Руската Федерација баран со кривично дело.

„На 13-ти мај, судот ја усвои претставката за истрагата и му одреди на Глуховски мерка притвор во траење од два месеци од моментот на приведување на територијата на Руската Федерација или по екстрадиција“, рекол соговорникот на агенцијата.

Глуховски е првата важна личност од светот на културата по која е распишана потерница поради кршење на законот донесен неколку дена откако Русија изврши инвазија врз Украина на 24-ти февруари.