Популарноста на Макрон порасна по пожарот во Нотр-Дам

Популарноста на францскиот претседател Емануел Макрон се зголемила за 3 процентни поена во април, во периодот кога главен настан во земјата беше големиот пожар во соборниот храм Нотр-Дам, покажуваат резултатите од испитувањето на јавното мнение објавени во петокот спроведени од агенцијата BVA на 17-ти и 18-ти април.

Според последните резултати, рејтингот на Макрон достигнал 32 отсто, благодарејќи на што показателот за популарноста на францускиот претседател сега се врати на нивото од септември 2018 година, односно во периодот пред кризата која ја зафати земјата со бранот протести на неформалнот граѓанско движење Жолти елеци.

Анкетата, исто така, покажува дека 62 отсто до Французите позитивно ги оцениле говорите на Макрон и неговите делувања по пожарот во најпознатата црква и една од знаменитостите на Париз. Неговото телевизиско обраќање до нацијата во врска со стихијата, пак, рекле дека го гледале 70 отсто од Французите.

Претходните анкети спроведени од агенциите Elabe и Ifop-Fiducial, исто така, направени претходно во април, укажуваа на пад на рејтингот на Макрон за 2 до 3 процентни поена. Популарноста на либералниот француски претседател сега е значилено повисока од онаа на неговиот претходник, социјалистот Франсоа Оланд во чија влада беше министер но ја напушти пред изборите, од 21 отсто во истиот период од мандатот.