Популарноста на Оланд го допре дното

Истражувањето на јавното мислење во Франција покажало дека популарноста на претседателот на таа земја, Франсоа Оланд, го допре дното.

Според анкетите на компанијата за истражување на јавното мисење, поддршката на Оланд паднала на 23 отсто. Истражувањето покажало дека во изминатиот месец популарноста на Оланд забележала пад од три отсто.

И додека Оланд минува низ бурен период во својот живот, кај граѓаните расте напнатоста поради стапката на невработеност, зголемување на даноци како и поради невоспоставениот економски раст.