Попусливоста кон Бугарија поттикната поради штитење на криминалот на Ковачевски и Ахмети донесоа нова блокада, се прифатија што бараше Бугарија, а ескалираа односите

Попусливоста кон Бугарија поттикната поради штитење на криминалот на Ковачевски и Ахмети донесоа нова блокада, се прифатија што бараше Бугарија, а ескалираа односите. ВМРО-ДПМНЕ апелираше навреме да се реагира со протесни ноти и цврст став, СДС молчеше, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Неколку пати до сега Македонија е понижувана или навредувана од страна на бугарски политичари, ВМРО-ДПМНЕ осудуваше, но владата е таа која има политичка моќ, и таа молчеше и дозволи провокациите да одат до недоглед. И сега кога имаме напади, негации и омаловажувања, од Ковачевски и Османи имаме само бледи говори без реална акција, секогаш кога власта попушта на понижувања има некој криминал кој сакаат да го сокријат. Со СДС, Ковачевски и Османи имаме само несигурност, понижувања и блокади. Недржавничкиот однос кој власта го покажува на дело е најголемиот пораз кој може да и се случи на Македонија, се наведува во партиското соопштение.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.