Поради безбедносни причини запрена работата на амбасадата на САД во Анкара

Амбасадата на САД во Анкара соопшти дека привремено ќе ја прекине работата на сите служби во Турција, поради веродостојни извештаи за потенцијални терористички напади и киднапирања на американски граѓани во Истанбул.

Амбасадата соопшти дека добила веродостојни извештаи за потенцијални терористички напади и киднапирања на американски и други странски државјани во Истанбул.

Исто така, Амбасадата наведува дека во извештаите се вели дека се можни напади врз генералниот конзулат на САД во Турција, како и други локации во земјата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.