Поради брак од љубов: Си ги запалил ќерките и внучињата

Пакистанец е осомничен дека ја запалил куќата во која живееле неговите две ќерки и четири внуци, бидејќи едната се омажила против негова волја.

Полицијата го бара Манзур Хусеин затоа што наводно запалил куќа во пакистанскиот кварт Музафаргарг, каде живееле неговите две ќерки Фаузија Биби и Куршид Маи. Во пожарот загинале двете ќерки, нивните четири деца и сопругот на Маи.

Фаузија Биби пред 18 месеци се омажила за Мехуб Ахмад против волјата на нејзиниот татко. Тоа бил брак од љубов, а не договорен брак, јави Си -Ен -Ен.

„Инцидентот беше предизвикан од конфликт меѓу две семејства поради брак од љубов“, соопшти локалната полиција.

Сопругот на Биби, Ахмад и рекол на полицијата дека не бил дома во моментот на пожарот и дека кога се вратил од работа рано наутро, го нашол својот дом во пламен. Неговиот четиримесечен син, заедно со трите деца на Маи на возраст од 2, 6 и 13 години, загинаа во пожарот.

Во Пакистан, стотици жени се убиваат секоја година од членови на семејството, поради стапување во брак против нивна волја, наведува Комисијата за човекови права на Пакистан.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.