Жителите на булеварот Теодосија Гологанов без вода поради дефект

Поради дефект на водоводната мрежа на булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов во центарот на Скопје без вода ќе останат жителите на овој булевар.

Според информациите од Јавното претпријатие „Водовод и Канализација“, дошло до дефект на шибер затворач профил ф-80 милиметри поради  што жителите на булеварот на потегот од булеварот Св. Климент Охирдски до Католичка црква, потоа жителите од улиците Шумадинска, Киро Крстевски, Платник и Коле Неделковски ќе бидат без вода од 9,30 часот па се до санирањето на проблемот.

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.