Поради долг го претепал, па го прегазил со автомобил

Четириесет и три годишен стружанец е обвинет за нанесување тешки повреди на свој помлад сограѓанин, кого поради нерасчистени должничко-доверителски односи наводно го претепал а потао со своето возило го удрил

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против 43-годишниот Л.А. од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“.

На 09.03.2020 на пат во населбата Езерски лозја во Струга, пријавениот поради нерасчистен паричен долг, физички го нападнал оштетениот  32-годишниот Е.Р. од Струга, а потоа со возило удрил во него, нанесувајќи му тешки телесни повреди.