Поради долгови, на некои земји им се заканува сиромаштија, оценува Светската банка

Претседателот на Светска банка Дејвид Малпас денеска ги предупреди лидерите на Групата 20 најразвиени земји (Г20) дека неуспехот да се обезбеди поголема поддршка за отпис на долговите на некои земји може да доведе до зголемување на сиромаштијата.

Малпас рече дека проблемите со долговите стануваат сè почести, особено во земји како Чад, Ангола, Етиопија и Замбија, на кои им се заканува сиромаштија.

Тој рече дека е задоволен од напредокот на разговорите за суспензијата на отплата на долгови, но треба да се направи уште многу.

-Намалувањето на долговите и транспарентноста ќе овозможат продуктивни инвестиции, што е клучно за постигнување порано, посилно и потрајно закрепнување, им рече Малпас на лидерите на Г20 на видео-конференцискиот Самит.