Поради големо невреме, пола Атина во мрак

60

Неколку населби во северниот дел на Атина и во други делови на градот денеска останаа без струја откако силните ветрови откорнале дрва кои паднале врз далноводи.

Противпожарните бригади до сега одговориле на 500 повици за да се остранат гранки и дрва кои паднале на патишта, автомобили и електрични водови, додека улицата Стадиу во центарот на Атина беше затворена неколку часа додека екипите се обидуваа да отстранат големо дрво што паднало на улицата.

Северните ветрови што дуваат во областа Атика достигнуваат и до 90 па и 100 километри на час, а се очекува вакво време да продолжи и утре.

И други делови на Грција се погодени од невреме и силни дождови, а властите во Ханиа на Крит прогласија вонредна состојба поради поплави. Грчките власти ги предупредија граѓаните да не престојуваат непотребно на отворено и да бидат особено претпазливи кога возат во делови од земјата кои се погодени од силни ветрови и дожд.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.