Поради градежни активности пренасочен сообраќајот на делница од магистралниот пат А3

Поради градежни работи на експресниот пат Штип – Кочани, од денеска до 14 ноември ќе биде пренасочен сообраќајот на делница од магистралниот пат А3.

Автомотосојузот информира дека сообраќајот на магистралниот пат А3 ќе биде со пренасочен режим на делницата од Компостарата до Подлошката крстосница.

„Се повикуваат сите учесници во сообраќајот на зголемено внимание и на почитување на сообраќајната сигнализација за привремен режим“, соопшти АМСМ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.