Поради грешка во програмата купил 27 наместо еден автомобил

Онлајн купувањето можело извонредно скапо да чини Германец кој сакал да стане горд сопственик на електричен автомобил на „Tesla“, но поради информатичка грешка во програмата на порталот на американскиот произведувач, наместо едно нарачал дури 27 возила „Tesla Model 3“.

Кога конечно го избрал семејниот автомобил на „Tesla“, поради грешката во програмата купувачот секој пат добивал порака дека купувањето не е изведено и така 27 пати, па наместо 52.000 евра за еден примерок, го потврдил купувањето на 27 возила во вкупен износ од 1,4 милиони евра.

Работите да бидат полоши, нереќниот Германец не можел да ја откаже нарачката, бидејќи во тој случај би морал да плати 2.600 евра.

За среќа, во „Tesla“ имале разбирање, раскажува синот на купувачот на социјалната мрежа Reddit.

Се покажало дека и други купувачи истиот ден имале непријатности, па на Германецот, сепак, му било поништено купувањето на другите 26 автомобили, пишува порталот Ouest-France.